Темен режим Режим на светлина

СДСМ: Фирма со тројца вработени добила тендери за 1,2 милиона евра; ВМРО-ДПМНЕ веднаш одговори…

СДСМ излезе денеска со како што рекоа нова бомба. Наведоа дека фирма со само тројца вработени за период од два месеца добила државни тендери во вкупна вредност од околу 74 милиони денари, односно приближно 1,2 милиони евра, од институции под надлежност на Владата.

„Фирмата добива договори од: Генералниот секретаријат на Владата. Како и во претходните објавени случаи, и овде повторно станува збор за набавки на IT опрема и софтвер. На 13.10.2025 година е склучен договор со Министерството за финансии, вреден околу 60.000 евра. На 15.10.2025, следи нов договор со Генералниот секретаријат на Владата, во вредност од речиси 980.000 евра. На 01.12.2025 година, фирмата добива уште еден тендер – овојпат од СОЗР, за софтвер за следење на работни процеси, вреден околу 76.000 евра, истакна портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Од ВМРО-ДПМНЕ стигна одговор дека тоа што Кузеска го нарекува бомба е петарда која и пукна во рака. Од владејачката партија велат дека посочената фирма не постои веќе две години, а порано со сменето име добивала дури и грант ФИТР во 2019 година од над 1,4 милиони денари, а истото се слушило и во 2020 година од над 25 илјади денари.

Згора на тоа, фирмата добивала и тендери на кои се склучувале анекси со АЕК во 2021 година кога на власт беа СДС и ДУИ од скоро 700 илјади денари на кој потоа склучувале анекси, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, каде се наведени и други тендери кои ги добила таа фирма во времето на СДСМ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

35 поранешни и 19 сегашни градоначалници не пријавиле имотна состојба, меѓу нив се и Арсовска и Ѓорѓиевски

Следна објава

Засилено се работи на клучката кај Момин поток, градоначалникот најави наскоро возење по нов булевар