Темно Режим Светло Режим

80-годишен маж починал во пожар во Карбинци

Вчера во 11.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Оџалија, општина Карбинци, настанал пожар во штала, сопственост на А.С.(80) од селото.

Притоа, со повреди се здобил сопственикот и починал на местото.

Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Скопјанец превезувал мигранти во косовско Ауди

Следниот Пост

Даниел Димевски реизбран за претседател на МОК