Предлог Градот Скопје да упати хуманитарна помош во вредност од 112.000 евра за граѓаните на Украина упати денеска скопската градоначалничка Данела Арсовска.
Во објавата на Фејсбук таа напиша дека таквиот предлог ќе го упати до Советот на Град Скопје.
-Донесов одлука до Советот да предложам градот да помогне со хуманитарна помош за граѓаните на Украина во износ од 7 милиони денари. Оваа одлука за хуманитарна помош е израз на солидарност за граѓаните на Украина зафатени со воениот конфликт. Живееме во турбулентни времиња соочени со големи предизвици. Никој не сака конфликти и страдања, да се обидеме да помогнеме колку што можеме, напиша Арсовска.
Таа потсети дека Скопје е град на солидарноста.
-Ние скопјани најдобро знаеме колку значи да пристигне хуманитарна помош кога е најпотребна, особено за лицата кои кои останаа без своите домови, потенцира Арсовска.