Воените дејствија во нападнатата Украина влегуваат во својот 11-ти ден. Бројот на загинати и ранети се зголемува. Расте и бегалци на бегалци, се проценува дека денеска тој ќе достигне до 1,5 милиони лица кои ја напуштиле Украина.
-Се водат „силни битки“ за контрола на градовите Миколајев на југ и Чернихив на северот на земјата, соопшти утринава Генералштабот на украинската армија, додавајќи дека во тек е украинска воена операција во источниот регион Доњецк.
Привремен прекин на огнот е договорен во Мариупол, пристанишен град во јужна Украина, од 10 до 21 часот денеска по локално време, соопшти градскиот совет.
Цивилите ќе можат да го евакуираат градот по договорена рута од 12 часот по локално време. Сличен план беше објавен вчера, но набрзо пропадна поради бомбардирање за кое двете страни се обвинуваа дека другиот е виновен.
Се очекува конкретен договор кога ќе биде третата рунда од украинско – руските преговори.
Инаку, членот на украинската делегација за преговори со Русија, Денис Киреев загинал во специјална задача, соопшти главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина. Во соопштението се наведува дека Киреев е еден од тројцата разузнавачи кои загинале при извршување на специјални задачи, пренесе „ТАСС“. Претходно медиумите јавија дека безбедносната служба на Украина го убила членот на својата делегација во преговорите бидејќи е руски шпион. Според оваа објава, украинската Служба за безбедност дошла до докази за неговото предавство и снимки од неговите телефонски разговори.