Не очекува организација на Европско првенство, треба да играме со срце за Македонија. Мора да покажеме дека во Скопје, Македонија може да направиме нешто што ќе биде светски и да покажеме зошто ракометот е спорт број еден во Македонија, порача денеска Живко Мукаетов, претседател на Ракометната федерација на Макеоднија. На прес-конференцијата тој зборуваше за организација на претстојното ЕП во ракомет за жени. Македонија ќе биде еден од домаќините на претстојното ЕП во ракомет за жени, кое е планирано да се оддржи годинава од 4 до 20 ноември. Подгорица, Љубљана, Цеље и Скопје се одредените градови кои ќе бидат градови домаќини за ЕП во ракомет.
Мукаетов истакна дека ја очекува поддршката од македонскиот народ и дека се надева на полни трибини кои ќе можат да гледат убав ракомет.
– Идејата е да бидеме сите тука заедно, да се дружиме и покажеме дека водиме грижа едни за други. Сите заедно го работиме тоа во континуетет да креираме колку можеме подобар македонски ракомет. Не очекува организација на ЕП, треба да играме со срце за Македонија. Очекуваме поддршка од нашиот народ, да дојде во што поголем број и да им дадеме поддршка на нашите девојчиња која навистина ја заслужуваат. Заедно да покажеме дека сме сплотени, хомогени, и заедно да покажеме дека можеме да додадеме дополнителна вредност на македонскиот ракомет. Мора да покажеме дека во Скопје, Македонија може да направиме нешто што ќе биде светски. Се трудиме нашот ракомет да биде европски, светски, имаме многу такви примери, амбасадори. Да покажеме зошто ракометот е спорт број еден во Македонија, истакна Мукаетов.
Веднаш по обраќањето на Мукаетов, се обрати и ЕХФ амбасадорот на ЕП, легендата на македонскиот ракомет, Гордана Нацева.
-Чест ми е и задоволство што сме денес овде. Не секоја држава ја има можноста да организира Европско првенство, би сакала да упатам поздрав до РФМ за организацијата. Ова ќе биде голем мотив за сите нас и ракометот. Со верба во себе и помош од трибините која е секогаш добредојдена, верувам дека можеме да изненадиме. Македонската публика по долг период ќе може да ужива во европската ракометна елита. Напред Македонија, порача Нацева.
Нашите девојќи се во групата Ц каде за ривали ќе ги имаат Франција, Холандија и Романија.