Темен режим Режим на светлина

Савевски избра 19 ракометарки за европското првенство

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Љубомир Савевски го објави списокот на повикани ракометарки за претстојното Европско првенство кое стартува на 4. ноември.

Можеби мало изненадување е што на списокот ја нема Марија Штериова, засега причината за нејзиното отсуство не е позната. Теодора Дукоска и Елена Ѓорѓиевска исто така не се меѓу повиканите, но за нив е познато дека се повредени.

Ракометарките на Македонија настапот на Европското првенство ќе го започнат против репрезентацијата на Франција во 05.11 (сабота) во 18:00 часот, потоа во второ коло од групата играме против Холандија на 07.11 (понеделник) и против селекцијата на Романија во последното коло од групата на 09.11 (среда).

Сите три натпревари ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“. Собирот на ракометарите закажан за на 24. октомври

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Приведени штипјани кај кој била пронајдена марихуана

Следна објава

Тепачка пред угостителски објект во Струга