Арсовска бара од скопските општини да воведат задолжителен паркинг за велосипеди

Препорака за носење одлука со цел воведување задолжителни паркинг места и простор за велосипеди упати до скопските општини градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Препораката се однесува како на градежните парцели при издавање на одобренија за градба за нови објекти, така и за усогласување на инфраструктурата кај веќе изградените објекти. Целата е стимулирање на зголемена употреба на еколошки превозни средства, намален метеж во сообраќајот и намалено загадување на воздухот од употребата на моторни возила.

-Одлука која би се донела на општинско ниво е важна со цел инвеститорите на нови станбени и деловни објекти во рамки на градежната парцелата да предвидат и соодветни паркинг простори за велосипеди. Со ваква одлука со која би се задолжиле инвеститорите кои поднесуваат барање согласно Законот за градење да обезбедат паркинзи за велосипеди секаде каде има простор и можност за истите да се постават, значително ќе се придонесе за подобрување на инфраструктурата и стимулирање на зголемено користење на велосипедите, напиша Арсовска во објавата на Фејсбук.

Бројот на паркинг места за велосипеди треба да се соодветно прилагоден согласно бројот на станбени единици и бројот на паркинг места за моторни возила.

-Се препорачува со одлука на општината да се утврди од вкупниот број паркинг места за велосипеди, истите да бидат заштитени од кражба и атмосферски влијанија, правно усогласени со документацијата која е дел од постапката за издавање на одобрение согласно Законот за градење, потенцира Арсовска.

Претходна вестВо мумија е пронајдено златно срце и стихови од Книгата на мртвите
Следна вестУапсена е Босанката Мирнесa која ограби милион евра