Според политичката партија СДСМ, Христијан Мицкоски е неуспешен ученик на Груевски и заложник на деструктивноста на Димитар Апасиев.
– Христијан Мицкоски исплашен за својата фотелја, продолжува да пласира едни исти лаги во кои веќе не верува ни членството на неговата партија. Дејствувајќи против интересите на граѓаните и државата, мешајќи се во работата на градоначалниците, Мицкоски се докажа како лош и неуспешен ученик на неговиот ментор Никола Груевски.
Се што Мицкоски има зад себе се лажни вести и дезинформации и отсуство на став за најважните државни прашања. Токму поради тоа, во последно време стана заложник на деструктивноста на Димитар Апасиев и затоа Мицкоски често пати е поекстремен и порадикален во своите настапи, а се со цел да не заостане зад Аласиев, се вели во партиското соопштение на СДСМ.