Темен режим Режим на светлина

Му се закани ли Џамбаски на Пендаровски со атентат?

Порака до македонскиот претседател Стево Пендаровски дека би можел да помине како југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ кој беше убиен во атентатот во францускиот град Марсеј во 1934 година од страна на Владо Черноземски, упати синоќа бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски. Во разговорот на бугарската телевизија Нова Џамбаски рече дека дека и во минатото имало обиди на лидери на ВМРО да им се забрани влез во Македонија но дека Пендаровски треба да учи од историјата.

-Што претставува за нас една таква забрана? Да му порачам на Стево Пендаровски, наречен Стево Коминтерната и дека во минатото и други се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија, а последниот таков пример е со југословенскиот, со српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Ако се обидат да ми забранат влез во Македонија нека погледнат во историјата и нека учат од неа, рече Џамбаски синоќа во разговорот за Нова.

Познато е, српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ е убиен е во атентат во Марсеј, од страна на Владо Черноземски, по наредба на ВМРО на 9 октомври 1934 година.

Макеоднскиот претседател Стево Пендаровски завчера побара од Владата да се забрани влез на група бугарски државјани меѓу кои и еден европратеник чијашто цел ќе биде нарушување на безбедноста во Македонија на 4 февруари, на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Прашан дали се препознава во описот на Пендаровски кој побара Владата да донесе одлука за забрана на влез на еден бугарски европратеник, Џамбаски одговори дека во тој опис го препознава секој Бугарин кој ги застапува правата и интересите на Бугарите во Македонија. На прашањето дали планирал да дојде во Скопје на 4 февруари заедно со поголема група луѓе да ја одбележат 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев Џамбаски потврди.

– Не мислев да одам во Македонија, имав други планови. Но сега, како да одбијам ваква љубезна покана, рече тој.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Врз основа на ДУП-от за Капиштец веќе нема да може да се гради на Водно и други локации

Следна објава

Пратеничките групи утре ќе добијат предлог за амнестија на осудените за 27 април