Темен режим Режим на светлина

Пратеничките групи утре ќе добијат предлог за амнестија на осудените за 27 април

Предлог за амнестија на осудените за настаните од 27 април 2017 година утре ќе биде доставен до пратеничките групи во македонскиот парламент. Адвокатската канцеларија Јанаки Митровски и адвокатската канцеларија Пешевски и Тимовски денеска информираа дека предлогот ќе биде доставен до сите групи и сите пратеници.

-Утре до сите пратенички групи и пратеници при Собранието на Република Македонија ќе поднесат предлог Закон за амнестија на осудените за настаните од 27 Април 2017та година, со предлог сите оние кои се осудени на казни затвор до десет години да бидат ослободени од понатамошно издржување на казна, а за осудените над десет години да се ослободат од 50 проценти казна, се наведува во информацијата.

Подносителите наведувата дека со Законот за амнестија од 2018-та година, селективно беа амнестирани дел од осудените поради политичко лукративни причини.

-Од тие причини, а како најголемиот дел од осудените имаат одлежано половина од изречените казни и се пет и пол години во затвор, и особено во насока на исправање на неправдата нанесена со селективната амнестија, го поднесуваме овој предлог Закон до сите пратеници од кои очекуваме да иницираат негово ставање на дневен ред. Се разбира законското решение може и да се доработи од страна на заинтересираните пратеници, за што посочените адвокатски канцеларии стојат на располагање, се наведува во информацијата.

Судот во Скопје во 2019 година им изрече казни во времетраење од вкупно 211 години на обвинетите за упадот во Собранието на 27 април 2017.  Од 17 обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок 16 се прогласени за виновни и добија повеќегодишни затворски казни, додека еден обвинет- оперскиот пејач Игор Дурловски е ослободен од обвинението. Највисока казна од 18 години затвор доби поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков кој во деновите пред и за време на упадот во Собранието бил носител на златна команда во МВР. Тогашните колеги на Чавков од МВР, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви добија по 15 години затвор, Оливер Поповски- 13 години, а Оливер Радулов- 10 години затвор. Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање е казнет со 15 години затвор, а Абдуљфета Алими е осуден на 7 години затвор. Од лицата кои со фантомки влегоа во Собранието, највисока казна добија Јане Ченто, Влатко Трајковски и Никола Митревски-Кољо – по 15 години затвор; Вилијам Михајловски доби 14 години затвор, Игор Југ и Горанче Анѓелковски по 12 години затвор, а Александар Василевски-Нинџа доби 8 години затвор. Од обвинението беше ослободен оперскиот пејач Игор Дурловски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Му се закани ли Џамбаски на Пендаровски со атентат?

Следна објава

Само од општина Кавадарци 36 ученици во второто полугодие, се испишале и заминале во странство