Темен режим Режим на светлина

Ѓорѓиевски: Над 3.5 милиони денари инвестирани во ЈДГ „Весели Цветови“ во Кисела Вода

Инвестициите во раниот детски развој кои овозможуваат поттикување на интелектуалните способности, го стимулираат логичкото мислење и ја подобруваат моториката се неопходност која е влог во интелектуалниот, општествениот и емоционалниот напредок на децата, вели градоначалникот на Општина Кисела Вода.

Ѓорѓиевски истакнува дека продолжуваат со уште поголем интензитет да работат на унапредување на условите за децата од предучилишна возраст.

-Денес, објектите на ЈДГ „Весели Цветови“ во Кисела Вода ги опремивме со играчки и дидактички материјали. Обезбедивме и нови постелини и кујнска опрема, а паралелно правиме и инфраструктурни подобрувања секаде каде што има потреба.

Објектот „Сончоглед“ во кој денес се наоѓаме, после половина век добива и нови енергетско-ефикасни прозорци, а вакви зафати кои на директен начин влијаат на подобрување на квалитетот на предучилишното воспитание и образование, се планирани и во другите градинки на територија на општина Кисела Вода.

Јавниот систем на воспитување и едукација го градиме на високи стандарди, нешто што предучилишните институции кои се под надлежност на нашата општина секако ќе им го овозможат на нашите најмлади жители, истакнува Ѓорѓиевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Јужна Кореја, последна епизода за ракометарите на Светското првенство

Следна објава
Полицијата одзеде три возила во контроли во Велес

Изречени 68 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола