Таравари пред да влезе во Владата најави можна радикализација на Албанците

Арбен Таравари кој важеше за еден од поумерените политичари на македонските Албанци се поблиску е до Владата и како да го осили тонот. Овај пат повод му е како што рече „загрозената европска перспектива“.

Тој во интервју за ТВ Шења рече дека неможноста да се отвори Уставот и да се внесат Бугарите во Преамбулата може да ги радикализира Албанците. Дури споменува и нова реорганизација на државата.

– Можно е да се случи радикализација на албанските партии ако биде загрозена европската перспектива на Македонија. Може да пораснат фрустрациите кај Албанците и може да се појават нови идеи за реорганизација на државата. Ќе влеземе во еден маѓепсан круг од кој нема да можеме да излеземе, изјави Таравари.

Тој не објасни доволно дали сето тоа го поддржува или само го предвидува. Но за некои политичари од македонскиот блок ова претставува отворена закана за Македонија.

 
Претходна вестФондот исплаќал породилно и за период кога родилките оделе на работа, па им ги барал парите назад
Следна вестУчениците од Математичко-информатичка гимназија на протест пред МОН: Се бара смена на директорката и најквалитетни професори