Учениците од Математичко-информатичка гимназија на протест пред МОН: Се бара смена на директорката и најквалитетни професори

Бојкот на наставата и протест пред Министерство за образование и наука одржаа денеска учениците од Математичко-информатичка гимназија. Учениците на протестот се појавија со транспаренти но и со медали освоени на бројни државни и меѓународни натпревари при што побараа оставка од актуелната директорка на гимназијата. Барањето, исто така, е е ревидирање на законскиот акт за избор на професори и вработување на квалитетни професори. Средношколците од МИГ деновиве категорично се спротиставија на начинот на изборот на нови професори во школото и сметат оние што се избрани не ги исполнуваат критериумите.

-Бараме директорката да го отстапи своето место на некој кој со љубов ќе ја води гимназијата, некој кој има страст кон науката и некој кој ја сфаќа вистинската смисла и замисла како треба да изгледа гимназијата. Нашите медали може да ги симнеме од вратот и да ги фрлиме во вода ако престанеме да се бориме за вистината, ако не сме луѓе пред се. Ќе изгубиме вредност како луѓе ако од понеделник се вратиме во клупите и се првиме слепи и глуви пред лицето на правдата. Примарна цел на едно училиште не е да ги полни главите на децата со знаења туку од нив да направи луѓе. Не знам како од нас да направат луѓе ако не учат да молчиме, ако ни пишуваат неоправдани изостаноци додека ние се бориме за вистината, рече на протестот ученичката Стефанија Кузмановска.

Ги повика сите надлежни институции, министерот за образование и наука, премиерот, па дури и директорката да застанат на нивна страна.

Поддршка дадоа и родителите на средношколците кои учат во МИГ. Тие велат дека не се откажуваат од борбата за квалитетно образование.

-Професори кои имаат завршено на Оксфорд, Кембриџ или ФИНКИ не се примени со образложение „тоа е наш избор“. Ние не ги омаловажуваме новите професори, но оние кои се веќе докажани и имаат воспоставено соработка и успеси, покажувајќи ги преку освоените места на натпревари се одбиваат, рече Миле Радев.

И другите родители порачаа дека тие се тука за да им дадат поддршка на своите деца за образование кое на почетокот беше одлично а сега постепено губи на квалитет.

Дејан Пешевски кој е член во Советот на родители рече дека ако некој кандидат не ги исполнува дури и тие минимални услови нема што да бара во гимназијата.

-Ние бараме најдобрите десет професори да се пријават, а со ваквото однесување на директорката не сакаат. Нашите деца реално не би имале подобар избор од оваа гимназија. Покрај се што направи директорката има и голем раздор, тоа што се случи оваа недела е голема поделба меѓу ученици, родители а владее ти токсична атмосфера, изјави Пешевски.

 

Претходна вестТаравари пред да влезе во Владата најави можна радикализација на Албанците
Следна вестПрегазена 26-годишна скопјанка