Две лица загинаа, а девет се повредени кога комбе влета во пешаци во источен Квебек, Канада соопшти полицијата. Возачот на комбето е уапсен на местото на настанот, а истрагата е во тек, изјави портпаролката на локалната полиција.
Таа додаде дека се верува дека станува збор за изолиран инцидент. Според информациите, се работи за 38-годишен локален жител.
Инспекторите се уште се обидуваат да утврдат дали инцидентот бил намерен напад или несреќен случај, јавува Би-Би-Си.
Загинале двајца мажи на возраст од околу 60 и 70 години, а меѓу повредените има и деца. Несреќата се случила околу 15 часот по локално време, во градот Амкви со околу 6.000 жители.
Канадскиот премиер Џастин Трудо упати сочувство за несреќата.