Темно Режим Светло Режим

Семејствата на бранителите се ослободуваат од партиципација во градинките и од надомест за оброк во училиштата во Ѓорче Петров

Советот на Општина Ѓорче Петров на денешната седница со мнозинство гласови од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата донесе низа клучни одлуки за граѓаните меѓу кои ослободување на членовите на семејствата на бранителите од конфликтот во 2001 година од месечна партиципација за градинка, како и од паричниот надомест кој се дава за оброк во основните училишта.

Советниците воедно изгласаа и доградба на ООУ „Јоаким Крчоски“ и изградба на нова детска градинка во Дексион, што е од особено значење за граѓаните на Ѓорче Петров, и одлука со која ќе се решат децениски проблеми со недостиг на капацитети во образовните институции.

На денешната седница, Советот ја изгласа и одлуката за кофинансирање за реализација на проектот „Пилот-интервенции за третман на отпадни води и управување со цврст отпад во прекуграничниот регион“ или проект кој треба да донесе нова пречистителна станица во с.Орман, првпат во историјата на ова населено место.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Британски новинар: На Ѓоковиќ не му е грижа што мислат другите, можете да правите што сакате, нема да направите ни трошка вдлабнатина во неговата психа

Следниот Пост

Убиена Србинка во Словенија: убиецот две ноќи спиел покрај мртвото девојче