Девет лица повредени во тешка сообраќајка кај Раброво, валандовско

Вкупно девет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера рано изутрина кај струмичкото село Раброво.

МВР соопшти дека на 23.07.2023 во 04.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат во близина на с.Раброво, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И.К.(61) од Струмица, патничко возило „цитроен“, управувано од Г.А.(35) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки и трактор „ИМТ“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Т.Ш.(74) од Валандово.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, додека возачот на возилото „цитроен“ и шест сопатници од истото возило, како и сопатник од тракторот Д.Н.(56) се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица и Здравствен дом Валандово, соопшти полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Валандово.

 

Претходна вестПет илјади Кубанци поминале низ Македонија, за 9 000 евра од човек биле префрлани во Шпанија
Следна вестИскршен автомобилот на Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ