Бабовски: Да не се манипулира дека ќе се зголеми цената на свинско месо

Нема да се појави недостаток на свинско месо во земјава, по случајот со „афринската чума“ на најголемата фарма во Општина Карбинци, во којашто треба да се уништат 9.000 свињи, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.

Одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на ИПАРД 3 Програмата, Бабовски посочи дека со уништувањето на овие животни во оваа фирма, македонскиот пазар ќе го изгуби само вишокот на свинско месо што се користел во преработувачката индустрија. Нема потреба, вели Бабовски, да се манипулира дека по овој случај на африканска чума ќе се зголеми цената на свинското месо.

– Точно е дека во производството на домашно свежо месо, бидејќи нашата држава е увозно независна, ќе се почувствува можеби мал недостаток. Затоа нема потреба од манипулирање со цени и зголемување на цените на свинското месо, бидејќи нашите производители на свинско месо ги задоволуваат потребите. Остануваше одреден вишок, којшто одеше во преработувачката индустрија и сега тој вишок ќе го изгубиме, истакна Бабовски.

Претходна вестКовачевски за Онкологија: Грозни наводи, ќе бидат санкционирани оние што го прекршиле законот и етичките и морални норми
Следна вестУсмртен пешак на улица во Скопје, возачот избегал