Дедо од Кисела Вода оставил во „наследство“ експлозивна направа

Жена во нејзиниот стан во Кисела Вода пронашла експлозивна направа која најверојатно припаѓала на нејзиниот починат дедо.

– На 02.09.2023 во 14.00 часот во СВР Скопје, Т.П. пријавила дека во подрумска просторија во нејзиниот дом на подрачје на Кисела Вода пронашла експлозивна направа, која најверојатно припаѓала на нејзиниот починат дедо. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека станува збор за направа налик на рачна бомба со запалка солзавец, информира МВР.

Како што соопштија од МВР, направата била подигната за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестУсмртен пешак на улица во Скопје, возачот избегал
Следна вестСилна Полска им нанесе прв пораз на македонските одбојкари