Познатата македонска историчарка Наташа Котлар одговара на 10 прашања надвор од историјата, политиката…
1. Три најсреќни моменти во животот?
– Првиот, најсреќен ми е кога ми се роди постариот син (1993), вториот е кога се излечи помладиот син од леукемија (2001) и третиот, ми е од неодамна, кога ми се роди вникот Теодор (2023).
2. Три работи кои се каете што сте ги направиле?
– Што не станав светски патник, како што посакував уште од детството, што се откажав да бидам храбра и не останав во една европска земја кога постоеше можност за тоа и што не станав полиглот.
3. Тројцата Македонци од сегашноста со кои се гордеете?
– Симон Трпчевски, Кире Лазаров и Горан Пандев.
4. Три работи кои Ве радуваат и три што Ве нервираат?
-Ме радува сончевото утро; успесите на моите деца; доброто здравје.
Ме нервира човечката глупавост и алчност, кога едноставното намерно станува сложено до апсурд и нефункционалноста на институциите во државата.
5. Три предмети што најмногу Ве намачија како ученик?
– Хемијата, физиката и ликовното изразување.
6. Три работи во кои сте добра, и три во кои не Ве бива?
-Добра сум во раскажувањето, сé уште добро памтам и многу добро ги слушам луѓето!
Не ме бива да ги прекинам луѓето кога треба, не ме бидува за лигуш и не ме бидува врз грбот на луѓето да натрупам богатство!
7. Три места во Македонија што радо би ги посетиле?
-Охрид, Галичник и Берово (Малешевијата).
8. Три најдобри книги, филмови и песни?
-Книги – Гроф Монте Кристо (А.Дима), Сидарта (Х.Хесе), Војна и мир (Л.Н.Толстој); Филмови: „Њујорк, Њујорк“ со Роберт Де Ниро и Лајза Минели (1977), „Годрост и предрасуда“ со Кира Најтли и Метју Мекфадиен (2005), „Наполеон“ со Хоакин Финикс (2023).
Песни: I have dream ( АББА), Viva la Vida (Coldplay), Некогаш и негде (Владо Јаневски)
9. Три омилени јадења?
– Сарма од лозов лист, тавче-гравче, штрудла со јаболка
10. Три совети кои ги давате на другите?
–Заштити се колку што можеш, не верувај на ласкавци, дејствувај по принцип на приоритет,