Во четвртокот во 09.00 часот во полициската станица Струга било пријавено дека Н.У.(33) од Бангладеш се оддалечил од домот каде привремено престојувал во Струга.
Според пријавеното, тој не се појавил и на работното место на автопатот во изградба Охрид-Кичево, каде што извршувал градежни работи за градежна фирма од Струга, а со себе ги зел и личните документи.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.