Темен режим Режим на светлина

Малолетник тешко повреден во судир во Неготино

Утрово во Батници запалени 3 автомобили во сопственост на правни лица, повреден 48-годишен маж Утрово во Батници запалени 3 автомобили во сопственост на правни лица, повреден 48-годишен маж

Малолетник е тешко повреден во судирот што се случил ноќеска во Неготино, информира полицијата.

МВР соопшти дека денеска во 01.05 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосница од улицата „Маршал Тито“ и улицата „Ацо Аџи-Илов“ во Неготино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Алфа“, управувано од 34-годишниот Т.К. од Неготино и мопед „Априлија“, управуван од малолетник од Неготино, двете со неготински регистарски ознаки.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Кавадарци. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршил увидна екипа од ОВР Неготино, соопшти МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Со неколку клика до билет, нова дигитална услуга на ЈСП

ЈСП утре ќе вози по празничен возен ред

Следна објава

Силјановска-Давкова се сретна со папата Франциск, средбата со Радев ќе биде „час поскоро“