Темен режим Режим на светлина

Инспекторите влегоа во кујните на приватните детски градинки, утврдени се прекршоци

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и неделава, покрај редовни, продолжија со спроведување на вонредни инспекциски контроли. Со надзори, во текот на оваа недела опфатени беа 38 кујни во приватрните градинки на целата територија на Македонија. Со надзорите, утврдено беше дека 11 од контролираните кујни не се регистрирани во АХВ како оператори со храна за што се издадени налози за итна регистрација и се изречени парични казни.

Хигиенските барања кои се однесуваат на немплелемтирани процедури на Добра хигиенска пракса, констатирано е дека не ги почитувале 4 од кујните во приватните градинки, а еден оператор со храна немал спроведено задолжителен здравствен преглед на вработените лица во кујните.

За отстранување на утврдените недоследности, издадени се 14 решенија со наредби, а изречени се и 13 пракршочни санкции- парични казни.

Со вонредните контроли кај овој тип оператори со храна, не е најдена небезбедна храна.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Филипче: Со верба и со надеж за нови почетоци, да го надминеме секој предизвик и да создадеме иднина каква што заслужуваат нашите граѓани

Филипче: Делото на Св.Климент Охридски е аманет и патоказ кон прогрес и заедништво

Следна објава

Владиката Партениј порача дека делото на Свети Климент е бесмртно