По повод 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика, на платото пред Националната опера и балет вечер ќе се одржи гала концертот „Од #MOБ за Скопје“.
Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.



