Темен режим Режим на светлина

Скриени во камион, 130 килограми марихуана – Србин се обидел да ги внесе во Македонија

Кривична пријава против три лица од Гевгелија и Струмица, организирале набавка и продажба на кокаин Кривична пријава против три лица од Гевгелија и Струмица, организирале набавка и продажба на кокаин

Основното јавно обвинителство Куманово покрена истражна постапка против 30-годишен државјанин на Србија, кој бил задржан на граничниот премин „Табановце“ при обид да пренесе голема количина марихуана на територијата на Македонија.

Според обвинителството, околу 130 килограми дрога биле пронајдени во специјално изработени прегради на товарно возило со српски регистарски таблички, по извршен детален преглед од страна на царинските и полициските служби.

Наркотиците се запленети, а осомничениот е приведен во полициска станица. Обвинителството поднесе предлог за определување притвор, поради опасност од бегство и можност за повторно извршување на кривично дело.

Од ОЈО Куманово соопштија дека следуваат дополнителни анализи и истражни активности за да се утврди дали осомничениот бил дел од поширока криминална мрежа за трговија со дрога.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Вечерва завршува кампањата за вториот круг од Локалните избори 2025

Следна објава

Дербито е денес - Вардар и Силекс ќе се надигруваат за лидерската позиција