Темен режим Режим на светлина

Форум на тема „Да ги спасиме младите од зависностите“

Сојузот за превентива од болестите на зависност денеска организира форум „Да ги спасиме младите од зависностите“ во рамки на одбележувањето на ноември – месец на борбата против болестите на зависност.
Форумот ќе го отвори д-р Марија Андоновска, директорка на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), а панелисти кои ќе се осврнат на зависностите од тутун, алкохол и дрога ќе бидат д-р Мартин Петровски од ИЈЗ и пензионираниот социолог Миле Гиновски.
Како што најави Сојузот, на форумот во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ ќе присуствуваат директори, педагози и психолози од основните и средните училишта на Град Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ристовски: Вложуваме во подобра иднина за младите

Следна објава

Детската клиника во Козле доби донација од ТАВ Македонија