Изменета Програмата за повластен паркинг за лицата со попреченост во Скопје.
Ова се случува по барање на советничката група на Левица во Советот на Град Скопје.
Лицата со аутистичен спектар и Даунов синдром не беа опфатени со програмата, велат од партијата.
„Четири години се бориме за измена на оваа Програма.
Секогаш се наоѓаше некаков изговор да не се направи тоа, истакнаа од Левица чии мандмани по аргументираното излагање на Советот едногласно изгласа со Заклучок – Програмата да биде изменета и лицата со аутистичен спектар и Даунов синдром да добијат повластен паркинг. Истово ќе важи и за лицата со попреченост кои што не живеат во Скопје, а доаѓаат во главниот град за лекување”, се додава во соопштението на партијата Левица.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




