Темен режим Режим на светлина

ТФТ убедливо го совлада Тиквеш и ја обезбеди лидерската позиција

МЗТ со тешка победа над Тиквеш, Пелистер подобар од Гостивар МЗТ со тешка победа над Тиквеш, Пелистер подобар од Гостивар

Екипата на ТФТ ја забележа својата нова победа во М-Тел Супер лигата, откако во првиот натпревар од 11. коло убедливо го совлада тимот на Тиквеш со 89:58. Со овој триумф, скопскиот состав го обезбеди првото место на табелата по завршувањето на првиот дел од сезоната.

Натпреварот започна изедначено, а по одиграните две четвртини резултатот беше 32:32. Во второто полувреме фаворитот ја презеде контролата, го наметна својот ритам и постепено создаде значителна предност, која без поголеми проблеми ја одржа до крајот на средбата.

Најефикасен поединец на натпреварот беше Рејмонд Сомервил од редовите на ТФТ, кој постигна 19 поени.

Со оваа победа, ТФТ стигна до 21 бод и се искачи на врвот на табелата, додека второпласиран е МЗТ Скопје Аеродром со 18 бодови.

Во рамки на 11. коло, утре ќе се одиграат натпреварите меѓу Феникс и Гостивар, Ангели и Маџари, МКК Куманово и Работнички, како и Пелистер против Кожув. Последниот дуел од колото е закажан за недела, кога ќе се сретнат МЗТ Скопје Аеродром и Чаир.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
По повод Денот на победата Путин најави дводневен прекин на огнот со Украина

Путин 4,5 часа пред камери: Милиони прашања, критики и бизарни моменти

Следна објава

Пеп Гвардиола ги замолкна шпекулациите за заминување од Манчестер Сити