Точно напладне македонските превозниците ги блокираа граничните премини кон Бугарија и Грција. Тие, заедно со превозниците од другите држави од Западен Балкан кои исто така блокираат гранични премини бараат решавање на наметнатиот проблем од страна на ЕУ со евиденција и право на престој во Шенген-зоната за професионалните возачи. Македонските превозниците негодуваат дека институциите во ЕУ ги третираат и како туристи и како емигранти, а всушност тие се вршители на важен меѓународен транспорт на роба.
Ним на граничниот премин Блаце им се приклучи и министерот за транспорт Александар Николоски, кој даде им даде поддршка.
„Би сакал да искажам поддршка во мое име и во име на Владата на овој протест на превозниците и тоа е причината зошто сум денеска на овој граничен премин, затоа што овој протест е предупредувачки. Превозниците сакаат да покажат што ќе се случува од 10 април па натаму. Ова е едно предупредување и сметам дека е навремено со цел да се искористат месеците февруари и март и земјите членки на шенген зоната да изнајдат решение.
Во принцип име три возможни решенија, првото е да се одложи примената на електронскиот систем за превозниците, второто е да се зголеми бројот на денови коишто можат да ги поминуваат од сегашните 180 на 250 денови во шенген зоната, соодветно поделено во циклуси и третото решение е да не се третираат како туристи, туку да се третираат како професионалци и врз основа на тоа или да бидат исклучени од овие правила и соодветно со работни визи како што прави Швајцарија, тоа да се уреди и на тој начин да можат слободно да транзитираат низ земјите од шенген зоната,“ изјави Николоски.
Камионџиите најавија дека протестот со блокада за товарниот сообраќај ќе трае седум дена и дека ако не се реши проблемот стравуваат од сериозно нарушување на синџирите на снабдување, големи загуби и удар врз економијата оти над 90% се потпира на патниот транспорт.
Инаку, движењето на патничките возила и автобусите на граничните премини под блокада не е загрозено.





