Темен режим Режим на светлина

Сведоштво од катастрофалниот пожар во Kочани: Некои во паниката газеа дури и врз нас пожарникарите

Сведоштво од катастрофалниот пожар во Kочани: Некои во паниката газеа дури и врз нас пожарникарите Сведоштво од катастрофалниот пожар во Kочани: Некои во паниката газеа дури и врз нас пожарникарите

Веднаш пристапивме кон извлекување на лицата заглавени на влезната врата. Вака сведочеше денеска на новото судско рочиште за катастрофалниот пожар во Кочани, пожарникарот Благој Паунов.

-Моравме да побараме помош од полицијата и двете лица од обезбедувањето и цивилни лица. И така во мешовити тимови почнавме да ги извлекуваме децата.

Некои беа избезумени, во шок и грч и моравме да ги носиме до паркинг. Други, пак од паника газеа врз нас и други деца за да излезат. Кога го поднамаливме бројот, во тој момент веќе приметив дека пристигна брзата помош како и повеќе цивили и дека почнале да ги носат до болница”, сведочеше Паунов.

На денешното рочиште се сослушуваат уште четворица сведоци.

Инаку, семејствата на жртвите од пожарот денеска изнесоа сериозни обвинувања за обиди за влијание врз судската постапка и дека во затворот се овозможувало користење на мобилни телефони за комуникација со сведоци преку апликацијата „Вибер”, со цел да се влијае врз нивните искази.

За потсетување: Пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани избувна на 16 март 2025 година. Јавното обвинителство поднесе обвинение против 35 физички и три правни лица за кривично дело тешки дела против општата сигурност.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Што мозокот и психата ни откриваат: 8 фасцинантни појави

Што мозокот и психата ни откриваат: 8 фасцинантни појави

Следна објава
„Левица” предлага закон за департизација и искоренување на непотизмот во јавното здравство

„Левица" предлага закон за департизација и искоренување на непотизмот во јавното здравство