Седумдесет и шестгодишна жена од Битола пријавила во полиција дека била измамена од лице кое телефонски се претставило како лекар и ѝ соопштило дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа. Од неа било побарано да даде пари за наводно лекување и спасување на животот.
Според информациите од МВР, жената заедно со својот сопруг однеле 7.000 евра и ги предале на лице кое, по претходен договор, ги чекало кај Саат-кулата во Битола. Набргу потоа сфатила дека станува збор за измама, односно дека нејзината внука воопшто не била учесник во сообраќајна несреќа.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



