Темен режим Режим на светлина

МВР упорно одзема возила, а некои возачи се упорни во возењето без дозвола, кој ќе изгуби во „пресметката“?

МВР упорно одзема возила, а некои возачи се упорни во возењето без дозвола, кој ќе изгуби во „пресметката“? МВР упорно одзема возила, а некои возачи се упорни во возењето без дозвола, кој ќе изгуби во „пресметката“?

Полицијата континуирано спроведува контроли и одзема возила од оние кои немаат возачка дозвола. Некои лица и се приведени. И се уште има граѓани во Македонија на кои не им доаѓа умот.

Минатата недела беа регистрирани десетина вакви случаи, но и за време на изминатиов викенд повторно се возело без дозвола.
Па така во Куманово, 19-годишнил бил уапсен, затоа што управувал „опел” без возачка, во Тетово 27-годишник без дозвола возел „порше”, а во Струга на 20-годишник му било одземено „поло”. Слични прекршувања на законот полицијата регистрирала и во Скопје и Кичево.

Не слушнале дека има построги казни или се надеваат дека нема баш тие да бидат казнети?

Огромната неодговорност на некои возачи пуштила големи корени. МВР само треба да продолжи ревносно, па дури и засилено да врши контроли и да казнува. Упорното одземање возила против упорното возење без дозволи. Лошите и опасни навики мора да се откорнат од македонските сообраќајници.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Повисоки плати ќе добијат административците, а што од нив ќе добие народот кој сето тоа го плаќа?

Повисоки плати ќе добијат административците, а што од нив ќе добие народот кој сето тоа го плаќа?

Следна објава
Македонската тенисерка се искачи 12 места на ВТА-ранг-листата

Македонската тенисерка се искачи 12 места на ВТА-ранг-листата