Темно Режим Светло Режим

Општините се анемични, полицијата мора да се вклучи во решавањето на проблемот со бездомните кучиња

Глутница кучиња речиси секојдневно напаѓаат минувачи, ги има многу и на кејот на Вардар Глутница кучиња речиси секојдневно напаѓаат минувачи, ги има многу и на кејот на Вардар

Речиси секој ден има случај низ Македонија кога куче ќе касне некое лице. На оваа надлежните реагираа бледо. Затоа и опасните сцени се повторуваат.

Пред некој ден двегодишно дете од Битола е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје со тешки телесни повреди нанесени од кучиња скитници. Детето било искасано по целото тело додека си играло близу семејната куќа.

Ден порано скопјанка преку социјалните мрежи сподели вознемирувачко сведоштво со фотографии за напад од глутница кучиња на скопскиот кеј.
„Трчав и ме гризеа околу пет минути, сè додека не се сопнав и паднав”, пишува таа во објавата.

Ќе трчаат ли институциите за системски да се решава овој голем проблем?

Да, во Скопје постои и стационар „Лајка”, а најавени се проширувања.., но, тоа е малку. Според официјална статистика, на пример, во 2023г. имало 1.283 напади од кучиња во Македонија. Страшна бројка, а веројатно е поголема, имајќи предвид дека некои граѓани се одлучуваат да не го пријават нападот.

Уште позагрижувачко е обзнанувањето од пред две недели дека во Скопје некој организирано истовара нови нестерилизирани и необележани кучиња, а некои дури имале и маркици дека се од Албанија.

Ова е алармантно. МВР мора да делува. Проблемот со бездомните кучиња станува преголем за и онака анемичните општински служби.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Рајмунд испиша историја, фаворитот Превц разочара

Рајмунд испиша историја, фаворитот Превц разочара

Следниот Пост
Сали Бериша: Албанија не исполнува ниту еден од условите за евроинтеграција

Сали Бериша: Албанија не исполнува ниту еден од условите за евроинтеграција