Македонија го продолжува дијалогот со ЕУ околу трајното решение на проблемот со камионџиите и нивните визи што го наметна Брисел. Ова е првичната реакција на македонското министерство за транспорт по вчерашните информации од држави од Западен Балкан дека Европската комисија нема намера да им излезе во пресрет на превозниците. Тамошните камионџии најавуваа и повторни блокади.
На сето тоа реагираа од македонското Министерството за транспорт: „Особено да не се наседнува на шпекулации од соседните држави, оти секоја земја одлучува за себе, велат од Министерството и додаваат дека Македонија го продолжува со дијалог за трајно решение.
„Во постојана комуникација сме со превозниците, како и со Европската комисија за наоѓање решение во рамки на новата визна стратегија која ја промовираше ЕУ каде што се отвора можноста возачите да бидат третирани како професионалци. Би сакале да потенцираме дека е најавено одложување на примената на ЕЕС системот и дека активно сите чинители работат на решавање на овој проблем”, велат од Министерството за транспорт.