Темен режим Режим на светлина

Докторите во државните болници ќе може да работат до 70 години, со согласност од Министерството

Докторите во државните болници ќе може да работат до 70 години, со согласност од Министерството Докторите во државните болници ќе може да работат до 70 години, со согласност од Министерството

Докторите во државните болници ќе можат да работат до 70 години и да ја задржат пензијата, доколку има потреба од нивниот ангажман, предвидуваат измените на Законот за здравствена заштита. Сепак, работењето по 67 години ќе биде можно само со согласност од ресорното министерство, ФЗОМ и стручниот колегиум, а поради недостиг на кадар во одредени специјалности.

Инаку, огласите за вработување на нови доктори ќе се објавуваат онлајн, рокот за пријавување ќе се продолжи, а селекцијата ќе се спроведува со јасно бодирање. Директорот ќе мора да го вработи најдобро рангираниот кандидат.

Се воведува и приоритетно вработување на најдобрите дипломирани студенти по медицина. Забрането ќе биде преземање лекари од примарно и секундарно во терцијарно здравство за да се спречат злоупотреби.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
До крајот на акцијата може да се запленат и до 100 тони марихуана, објасни Мицкоски

Обвинителството појасни како се пакувала и пренела марихуаната во Србија, отворена истрага за шест лица

Следна објава
Скопјанка била физички нападната од нејзиниот девер во семејниот дом

Тешко повреден Мотициклист на „Партизанска" откако удрил во отворена врата на возило