Заврши техничката контрола и верификацијата на мерниот систем на продуктоводот Скопје-Солун низ кој треба да се пренесуваат горива од солунската рафинерија до Окта. Со ова, продуктоводот по 13 години мирување конечно повторно може да работи.
Проверката беше спроведена од страна на Бирото за метрологија, со учество на претставници од Чешкиот метролошки институт и лабораторијата „Метрон” од Солун.
Инаку, продуктоводот беше пуштен во функција во 2002 година за пренос на сурова нафта, а по 2013 година на него се инвестираше за да се пренамени за транспорт на дизел гориво. Станува збор за систем во должина од 213,5 километри.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:






