Народната банка ја информираше јавноста дека од недела стапува во сила обврската за банките за засилена автентикација на клиентите при извршувањето онлајн плаќања со платежни картички. Тоа има за цел да обезбеди заштита на паричните средства на граѓаните и на компаниите.
Клиентот на банката, при плаќање на интернет, покрај внесувањето на податоците од картичката, ќе мора да даде дополнителна потврда за трансакцијата преку официјална апликација на банката. Наместо досегашната потврда со СМС-код, клиентот ќе добие известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобри трансакцијата.
Без оваа потврда, плаќањето нема да може да се изврши, дури и ако некој ги има податоците од картичката.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:






