Темен режим Режим на светлина

Денеска сонце и облаци, попладне можни локални врнежи

Времето денес променливо облачно со силен северен ветер Времето денес променливо облачно со силен северен ветер

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните часови се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а на одредени места ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд.

Минималната температура ќе се движи од -3 до 4 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 13 и 18 степени Целзиусови.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне облачноста постепено ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1 степен, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Според прогнозите, во вторник и среда претпладне ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни. Во среда и четврток се очекува умерен, а наместа и повремено засилен ветер од источен и североисточен правец. Во наредните денови дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Техеран демантира: Нема барање за разговори со Вашингтон

Техеран демантира: Нема барање за разговори со Вашингтон

Следна објава
Центарот на Скопје денес без вода

Дел од улицата „Железничка“ и околината на „Неуромедика“ денеска без вода