Темен режим Режим на светлина

Коњановски: Подобруваме услови за учење во подрачното училиште во Крклино

Коњановски: Првите 100 дена од новиот мандат се посветени на развој и грижа за граѓаните Коњановски: Првите 100 дена од новиот мандат се посветени на развој и грижа за граѓаните

Во селото Крклино започнаат градежни активности на подрачното училиште при ОО „Александар Турунџев“ од Кукуречани. Проектот се реализира со финансиска поддршка од Министерството за образование и наука преку вториот владин повик, како одговор на барањата на локалното население.

Објектот располага со две училници, канцеларија, ходник и тоалети. Во рамките на реконструкцијата ќе се менува кровната конструкција, ќе се обнови фасадата, а во внатрешноста се предвидени нови подови, ПВЦ дограма и молеро-фарбарски работи.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска изврши увид во градежните активности заедно со одговорните лица за проектот. Вредноста на реконструкцијата изнесува 3.380.097 денари.

Општината со овој проект дополнително ја потврдува својата заложба за подобрување на образовните услови и создавање средина која ќе овозможи квалитетно изведување на воспитно-образовниот процес.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ФИФА одби барање на Иран, тензиите растат пред Мундијалот

ФИФА одби барање на Иран, тензиите растат пред Мундијалот

Следна објава
Митева: Трагедијата во Кочани ја разбуди државата

Митева: Трагедијата во Кочани ја разбуди државата