Темен режим Режим на светлина

Штипјанец возел 105 км на час во населено место: Полициските пресретнувачи на терен

Штипјанец возел 105 км на час во населено место: Полициските пресретнувачи на терен Штипјанец возел 105 км на час во населено место: Полициските пресретнувачи на терен

Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место, известија од МВР

Вчера (20.03.2026) во 17:20 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Штип, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина на движење на патничко моторно возило „голф“ со штипски регистарски ознаки од 105 километри на час во населено место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.

Против возачот С.И. (21) од Штип се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санција.

Сообраќајните контроли со специјалните возила пресретнувачи продолжуваат и во наредниот период на територијата на државата.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Колапс на граница: Километарски колони на Богородица и Дојран

Колапс на граница: Километарски колони на Богородица и Дојран

Следна објава
Потврдено по вештачење: марихуаната од Србија е наркотична

Потврдено по вештачење: Македонската марихуана, запленета во Србија е наркотична