НАСА го започнува одбројувањето за историска мисија – првото лансирање со човечки екипаж кон Месечината по повеќе од пет децении.
Станува збор за мисијата „Артемис 2“, која треба да означи нова ера во истражувањето на вселената и враќањето на човекот на Месечината.
Планирано е астронаутите да направат обиколка околу Месечината, без слетување, како подготовка за идните мисии што ќе вклучуваат и директно стапнување на нејзината површина.
Оваа мисија претставува клучен чекор во долгорочната стратегија на НАСА, која има за цел не само повторно истражување на Месечината, туку и подготовка за идни мисии кон Марс.
По повеќе од 50 години од последната мисија со човечки екипаж, новото одбројување означува враќање на амбициозните планови за човечко присуство во длабоката вселена.




