Темен режим Режим на светлина

Со електричен тротинет прегази жена, па избега, 61-годишна скопјанка заврши со тешки повреди

Наместо растеретување на сообраќајот, електричните тротинети, често создаваат создаваат нов хаос во Скопје Наместо растеретување на сообраќајот, електричните тротинети, често создаваат создаваат нов хаос во Скопје

Тешка сообраќајна несреќа со електричен тротинет се случила во Скопје, откако возач на тротинет удрил 61-годишна жена и потоа избегал од местото на настанот.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 9 мај 2026 година околу 14:45 часот во СВР Скопје.

Несреќата се случила на булеварот „Крсте Мисирков“, каде електричен тротинет удрил во пешак – 61-годишната Љ.М. од Скопје.

По ударот, возачот на тротинетот не застанал да помогне, туку веднаш го напуштил местото на несреќата и избегал во непознат правец.

Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градска општа болница 8 Септември, каде што ѝ била укажана медицинска помош.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот на електричниот тротинет и за целосно расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Лоши вести за Реал: Мбапе паузира поради повреда на коленото

Нов удар за Реал: Мбапе нема да игра против Барса

Следна објава
Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Променливо време со дожд, грмежи и силен ветер