Темен режим Режим на светлина

Обвинителството повторно го посочи таткото на Вања, одбраната тврди: Нема докази

Обвинителството повторно го посочи таткото на Вања, одбраната тврди: Нема докази Обвинителството повторно го посочи таткото на Вања, одбраната тврди: Нема докази

Во Апелациониот суд денеска се разгледуваа жалбите поврзани со пресудата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежоски, случај што ја потресе македонската јавност.

Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, кои беа осудени на доживотен затвор за двојното убиство, преку жалбите побараа укинување на првостепената пресуда и враќање на постапката на повторно судење.

Во исто време, Обвинителството побара Апелација да ја преиспита и ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

Вишиот јавен обвинител Дарко Јакимовски посочи дека Александар ја споделил информацијата дека Вања тој ден сама ќе оди на училиште, податок за кој, според обвинителството, знаеле само најблиските членови на семејството.

„Вечерта Александар им испратил порака на децата да се облечат како за на планина. Неговото однесување следниот ден, кога повторувал дека детето е грабнато и убиено, како и движењето по Качанички пат, отвораат сериозни сомнежи“, изјави Јакимовски.

Одбраната на Александар Ѓорчевски, пак, тврди дека не постојат конкретни докази за негова вмешаност. Адвокатот Владимир Туфегџиќ нагласи дека нема никаква комуникација меѓу Александар и останатите обвинети, ниту доказ што би го поврзал со грабнувањето или убиството.

„Пресудата е правилна и законита, а опасно е да се создава преседан врз основа на претпоставки“, порача Туфегџиќ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Автопатот Кичево – Охрид целосно функционален во првиот квартал од 2027 година

Автопатот Кичево - Охрид целосно функционален во првиот квартал од 2027 година

Следна објава
Доминација на КМФ Проект: Со 21 бод предност до титулата

Доминација на КМФ Проект: Со 21 бод предност до титулата