Петмесечно бебе од скопско било донесено без знаци на живот на Детската клиника во Скопје, откако таткото рано утрово го пронашол починато во семејниот дом во општина Чучер-Сандево.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен денеска во 06:05 часот од Детската клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Како што е наведено, таткото околу 05:30 часот забележал дека неговото петмесечно бебе, кое било предвреме родено, не давало знаци на живот, по што веднаш го однел на Клиниката.
Лекар на Детската клиника констатирал смрт, а надлежните институции преземаат мерки за утврдување на сите околности поврзани со случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



