Темен режим Режим на светлина

Ѓорѓиевски по случајот со волкот во Козле: Ова е сериозна опасност за граѓаните

Ѓорѓиевски по случајот со волкот во Козле: Ова е сериозна опасност за граѓаните Ѓорѓиевски по случајот со волкот во Козле: Ова е сериозна опасност за граѓаните

Волкот кој вчера беше заловен во скопската населба Козле најверојатно бил незаконски чуван во урбана средина, а надлежните институции веќе работат на расчистување на случајот.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, остро реагираше по инцидентот, оценувајќи дека станува збор за сериозна неодговорност и опасност за граѓаните.

„Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја загрозуваат безбедноста на своите сограѓани. Ова не е само неодговорност, туку сериозна опасност за целата околина“, изјави Ѓорѓиевски.

По заловувањето, волкот бил безбедно транспортиран, а во моментов за него се грижат службите на Зоолошката градина во Скопје.

Од институциите се очекува да утврдат како дивото животно било чувано и кој е одговорен за случајот.

Ѓорѓиевски порача дека во градот мора да се почитуваат законите и животните да се третираат со грижа, а не како средство за нечие изживување.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Медиуми тврдат дека Иран и САД тајно комуницираат, официјален Вашингтон вели не се разговара со Tехеран

САД подготвува „Операција Чекан“ за нов удар врз Иран

Следна објава
Релативно топло време со врнежи во западните делови

Денеска дожд во западните делови, можно невреме во попладневните часови