Темен режим Режим на светлина

Денеска дожд во западните делови, можно невреме во попладневните часови

Релативно топло време со врнежи во западните делови Релативно топло време со врнежи во западните делови

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во западните делови од земјава повремено ќе врне дожд. Локално се очекува и краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи.

Во западните региони ќе дува западен ветер, додека долж Повардарието ќе преовладува северен ветер, кој на места повремено ќе засилува. Утринските температури ќе се движат од 5 до 11 степени, а максималните дневни ќе достигнат меѓу 17 и 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а во утринските часови во одделни делови од котлината можно е провејување на слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 9 до 20 степени.

Според прогнозите, и во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови на повеќе места ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, додека температурите постепено ќе опаѓаат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Ѓорѓиевски по случајот со волкот во Козле: Ова е сериозна опасност за граѓаните

Ѓорѓиевски по случајот со волкот во Козле: Ова е сериозна опасност за граѓаните

Следна објава
Планирани исклучувања на струја во Центар, Бутел и Карпош

Дел од Чаир денеска без струја, ЕВН најави прекин во Старата чаршија