Темен режим Режим на светлина

Променливо облачно време со засилен ветер низ Македонија

УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во текот на денот ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието, каде повремено ќе достигнува брзина над 50 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од 6 до 14 степени, додека дневните ќе достигнат од 20 до 28 степени.

Во Скопје се очекува слично време – променлива облачност со сончеви периоди и повремено засилен северен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од 10 до 26 степени.

Метеоролозите за утре и за претстојниот викенд најавуваат нестабилно време со локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. На одделни места се можни и поинтензивни временски непогоди проследени со обилен пороен дожд и силни удари на ветер кои би можеле да надминат 60 километри на час.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Кривична пријава против три лица од Гевгелија и Струмица, организирале набавка и продажба на кокаин

Македонец уапсен во Австрија поради смртоносен грабеж во Германија

Следна објава
Центарот на Скопје денес без вода

Жители на Центар денеска ќе останат без вода