Популарната македонска пејачка Андријана Јаневска ќе учествува во меѓународен проект со кој ќе се обиде да влезе во Гинисовата книга на рекорди. За ова таа самата напиша на Фејсбук.
-Чест ми е да Ви соопштам дека ќе ја претставувам Македонија во проект за Гинисовата книга на рекорди! Станува збор за песна со најмногу пејачи на светот со наслов „One Human“ чиј автор е американскиот композитор и продуцент Graham Czach. Мој единствен услов за учество беше да пишува дека ја претставувам Република Македонија. Денес го потпишав договорот и следната седмица ќе ја снимам песната, напиша Јаневска.