Темно Режим Светло Режим

РФМ: Сезоната продолжува на 14 октомври, тестови два дена претходно

За разлика од Кошаркарската сезона ракометната сезона дефинитивно ќе продолжи следната седмица, а точниот датум е 14 октомври, два дена порано од она што беше најавувано во изминатиот период. Ракометната Федерација на Македонија денеска и официјално ги извести клубовите дека за 12 и 13 октомври се закажани новите тестирања за Covid-19, по што предвидено е првото коло од продолжението да се одигра на 14 октомври.

Ова се однесува на групата А, која беше прекината по само две одиграни кола, поради масовната зараза од коронавирус во таборот на КЛ7. Досегашниот ритам петок – понеделник ќе биде заменет со среда – сабота, па така натпреварите ќе се играат и на 17 октомври, 21 октомври, 24 октомври и 28 октомври, кога се очекува да завршат натпреварите од групата А.

Што се однесува до групата Б, каде се одиграа четири кола до моментот на прекин поради масовната заразеност во редовите на Работнички, натпреварите во оваа група ќе продолжат на 22 октомври, а ќе завршат на 29 октомври.

Advertisement

Со ова, до крајот на месецов би бил финиширан барем еден круг од оваа групна фаза во Супер-лигата, по што ќе биде донесена одлука за вториот круг.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Филипче: Забрана за групирање по 22 часот, задолжително носење маска секаде на отворено...

Следниот Пост

Филипче ќе ја брза Владата да одлучи за носење маски на отворено, а има план и за поригорозни мерки