Сообраќајната полиција вчера спровела засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Струга и Охрид, а денеска тоа го правела во Кичево. Ова го соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски во Кичево.
-Евидентно е дека имаме подобрување на дисциплината на возачите на целата територија на државата, како резултат на овие засилени контроли, што пак се рефлектира и на значително намалениот број на сообраќајни незгоди и жртви.
Споредено ноември 2020 година со ноември 2019 имаме за 21 отсто намален број на сообраќајни незгоди, за 36 отсто намален број на загинати лица, за 75 отсто намален број на загинати пешаци, а за 47 отсто е намален бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди, истакна Ангеловски.
Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.