И оваа година Општина Центар издвои средства за поправка на лифтови и кровови на згради во својата општина. Имено, за тоа општината трета година по ред објави јавен повик за финансиска поддршка.
Оваа година средства се издвоија за поправка на вкупно 25 кровови и лифтови. Поточно ќе се санираат 13 кровови и 12 лифтови. Проектот е поддржан со финансиски средства од општинскиот буџет, во висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000,00 денари за реконструкција на постоечки кровни конструкции и висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 300.000,00 денари за поправка и санација на лифтови за секоја одобрена апликација, поднесена од заинтересирани сопственици на заеднички делови на колективни станбени згради управувани од Управител на станбени згради или Заедница на сопственици. Селекцијата на одбрани апликанти се изврши по принципот „Прв дојден, прв услужен“.
Во изминатите три години со проектот за поправка и санација на кровови и лифтови се санирани 53 станбени објекти.